Согласно со одредбите на членовите 9 и 16 и член 28 ставови (1) и (2) од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година) и член 168 став (5) од Законот за електронските комуникации, а во врска со член 19 од Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 122 од 12.5.2020 година), ВЕТЕРИНАР ДОО ја донесе следната:
Политиката за приватност на веб – страницата на ВЕТЕРИНАР ДОО www.domashno.com.mk
Со оваа Политика за приватност на личните податоци се уредува начинот на кој „Ветeринар ДОО“ Гевгелија ги собира, користи, открива и одржува податоците собрани од корисниците при посета на веб-страницата на ВЕТЕРИНАР ДОО www.domashno.com.mk
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е ВЕТЕРИНАР ДОО Гевгелија, со седиште на ул. „Моински Пат“ бр.221, Гевгелија, Република Северна Македонија.
Податоци, нивно собирање и употреба
„Ветеринар ДОО“ Гевгелија може да врши обработка на лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на содржините и функционалноста на страницата. Обработката на лични податоци се врши единствено на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна. Оваа политика за приватност се однесува само на веб страницата на „Ветеринар ДОО“ Гевгелија. Доколку преку веб страницата на „Ветеринар ДОО“ Гевгелија е обезбеден линк до други веб-страници, Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб-страници. Ве молиме да имате предвид дека во случај на откривање на личните податоци преку други онлајн форуми, истите може да ги приберат и користат други субјекти и затоа Ве советуваме и
Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи неовластено користење или злоупотреба.
Податоци што ги собираме
- Посета на нашата веб-страница,
- Податоци при аплицирање за работа,
- Лица кои се зачленети да добиваат e-новости,
- Лица кои ги претставуваат нивните организации,
- Лица кои доставуваат барање за информации до нас.
Пораки доставени преку е-пошта и коментари
Кога ја посетувате нашата веб-страница или, пак, кога оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име и презиме, компанија, е-пошта, телефон и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на Вашите потреби и да Ви обезбедиме услуга и поддршка. На сите пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од основната – одговор на Вашето барање
Откривање на податоците
„Ветеринар ДОО“ Гевгелија го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци, во случаи кога тоа се бара по закон или кога е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници. Пристап до Вашите лични податоци во „Ветеринар ДОО“ Гевгелија имаат само оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, а со единствена цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги.
Заштита од злоупотреби
„Ветеринар ДОО“ Гевгелија ги презема сите потребни организациски и технички мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, неовластена обработка, неовластено откривање како и од злоупотреба.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собира „Ветеринар ДОО“ Гевгелија се чуваат во согласност со закон и во периодот потребен за постигнување на целта на обработката, а по истекот на тој период истите ќе бидат избришани од системот на „Ветеринар ДОО“ Гевгелија .
Заштита на личните податоци
Податоците кои ги обработуваме се грижливо зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и на нашиот бизнис. По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации.
Доколку имате дополнителни прашања, може да се обратите на Офицерот за заштита на лични податоци:
Презиме и име: Тончева Ирена
Тел. за контакт: 075 375 344
e-mail: irena.tonceva@veterinar.mk