Објект изграден во 2017та година во непосредна близина на фармата за свињи и фармата за тов на говеда. Ги исполнува сите услови пропишани по ХАСАП и ХАЛАЛ сертификати.

Објектот има над 20 разладни простории кои овозможуваат квалитетно разладување на месото како и на зачувување на ладниот ланец во текот на целото производство, до краен производ, што овозможува да се добијат квалитетни и здрави производи за конзумирање.

Освен производството на свежо месо, во овој објект се произведуваат и подготовки од месо, барени, полутрајни и трајни производи од месо – со еден збор кажано сè освен конзерви.

Во склоп на објектот изградена е просторија за димење на месо и производи од месо по теркот на домашните пушници во која месото се дими на буково дрво со капацитет од околу 3000 кг.

Од другите погони се разликуваме по тоа што:

Користиме исклучиво свежо месo. Не користиме нитрити, нитрати, фосфати, глутаминати, вештачки бои и ароми итн кои иако се дозволени за употреба, штетно влијаат на здравјето на луѓето.

Во целиот процес на производство се придржуваме до едно старо добро правило: “Тоа што ти не го јадеш, не давај другите да го јадат!”. Затоа сите наши производи се произведени исклучиво од свежо месо, без никакви додатоци, на традиционален и домашен начин.

Спремни сме во секое време да ви понудиме свежи производи, со датум на колење не постар од 3 дена на датумот на достава. Исто така, постојано и неуморно работиме на надополнување на нашиот асортиман на производи сè со цел да ги исполниме потребите и желбите на нашите потрошувачи.

ЗДРАВИ, ПРИРОДНИ и КВАЛИТЕТНИ производи во секое семејство!

Галерија