Фабриката за добиточна храна се наоѓа во непосредна близина, на 1300 м оддалеченост од фармата. Изградена е во 90та година и е со полуавтоматски начин на производство.

Капацитетот на фабриката е 100 тони дневно, произведува храна претежно за нашите фарми, како и помал дел за продажба на големо и мало.

Произведената храна е со врвен квалитет изработена по рецептури на нашите стручни лица кои максимално го задржуваат традиционалниот и домашен начин на изработка на истите.

Без добра и здрава храна нема добри и здрави производи во сточарството што пак придонесува за долг живот и добро здравје на нашите потрошувачи – конзументи на производите од брендот “Домашно”