Бројни истражувања покажуваат дека јајцата се синоним за здрав почеток на денот.
Започнувањето на денот со јајца, наместо доручекот да се состои од некои други намирници (на пр., бели пецива, житарици, …) со исти калориски вредности, ја зголемува можноста за намалување на телесната тежина.
Во споредба со еднакво калоричен доручек, доручекот составен од јајца дава поголема ситост. Јајцата имаат 50% поголем индекс на ситост, отколку класичен доручек составен од на пр., житарици.
Консумацијата на едно јајце на ден има значаен придонес кон подобро здравје и поглема свежина на организмот, а за обичен доручек од јајца не е потребен голем труд и не чини многу.