Фарма за тов на говеда
Фармата за тов на говеда започна со работа во 2016та година. Фармата е од полуотворен тип и служи за товење од теле до јунче како и за дотовување на набавените јунци од Р. Македонија.

Јунците се хранат со зелена храна произведена во кругот на фармата како и концентрат од сопствено производство за чијашто рецептура се задолжени нашите стручни технолози, додека пак нашите ветеринарни доктори се грижат 24/7 за целокупниот амбиент и здравјето на животните.
