ЗДРАВ ПРОИЗВОД ЗА СЕЧИЈА ИСХРАНА

Традиција и квалитет

Живинарска Фарма Гевгелија е фарма со 60 години традиција во производство на јарки и свежи конзумни јајца. Денес е фарма со најголем број на несилки во Р. Македонија и една од поголемите на Балканот.

Живинарска Фарма Гевгелија е производител на конзумните јајца од брендот „Домашно јајце“, снесени од домашно негуваните кокошки хранети со сопствено произведена храна која содржи есенцијални хранливи материи неопходни за нормален раст, развој и многу други процеси на кокошките.

 

Производствен процес

Производственот процес во компанијата започнува од денот на увозот на еднодневните пилиња, а продолжува со нивното одгледување и грижа преку современи начини на работа и изготвувањето на најдобрата храна, базирана на рецептурите на искусните ветеринарни доктори кои стојат на раполагање 24/7.

По процесот на одгледување на еднодневните пилиња во кокошки несилки, истите се преместувааат во соодветни кафези каде се снабдуваат со природна храна за живина како и се следат во сите фази на прозводството. Во одгледувањето се користи автоматски систем во сите погледи со што се гарантира безбедноста на производството на квалитетните конзумни јајца од брендот „Домашно јајце“.

Продажба и дистрибуција

По производството на „Домашно јајце“ продажбата и дистрибуцијата на истото се препушта во рацете на искусниот економски и правен тим, кој во симбиотски процес со дистрибутерите и клиентите го донесуваат финалниот производ до трпезите на секој потрошувач.

Големина и Пакување

Свежите конзумни јајца од нашиот бренд се произведуваат во следните класи:
– XL (extra-large) > 75 gr
– L (large) 65 – 75 gr
– M (medium) 55 – 65 gr
– S (small) < 55 gr

A се достапни во неколку пакувања, и тоа:
– 30/1 јајца
– 15/1 јајца
– 10/1 јајца
– 6/1 јајцa

Извоз

Нашиот паковен центар за јајца е одобрен за извоз од 2016та година. Па така, покрај долгогодишните соработки со многубројни клиенти на домашниот пазар, “Домашно јајце” може да се најде и во Бугарија, Србија, Хрватска, Грција,  Романија и Италија.

СЕКОГАШ СВЕЖИ ЈАЈЦА СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ – “ДОМАШНО ЈАЈЦЕ”

 

Галерија