Со цел да се обезбеди безбедност на производите за исхрана и нивен највисок квалитет ги применуваме HACCP стандардите за производство.
Самиот НАССР претставува систем за самоконтрола и анализа на опасностите и критичните контролни точки при производството и дистрибуцијата на нашите производи.
Со цел за заштита на животната средина, и во согласност со нашите законски обврски, имаме склучено договор со Пакомак Скопје (компанија чија основна дејност е управување со оптад од пакување) со што има право на користење на Green Dot лиценцата – гаранција за одговорно, ефикасно и најповолно менаџирање на нашиот амбалажен отпад.
Домашно Јајце е синонима за здрава храна за одличен доручек. Ова се должи на единствениот и уникатен начин на кој ги произведуваме “Домашните јајца” – воспоставувајќи комплетно затворен биолошки процес на креирање една селска идила во која е сместен вистински град на кокошки. На овој начин осигуруваме дека јајцата ќе излезат од нашето производство се вистински претставник на брендот “Домашно јајце”.
Покрај “Домашно Јајце” произведуваме и свежо месо и производи од свежо месо. Нашите производи се произведени исклучиво од свежо месо, направени на традиционален и домашен начин. Производите се БЕЗ нитрити, фосфати, глутаминати, вештачки бои и вештачки ароми, кои иако се дозволени за употреба, тие штетно влијаат врз здравјето на луѓето. Па така, нашата цел е да понудиме здрави и 100% природни производи на нашите потрошувачи.