„Домашно јајце“, и сите останати наши производи се синоним за квалитет.

Во нивното производство го вложуваме целото наше знаење, разбирање и искуство. Тоа се должи на целиот тим од експерти (агрономи, ветеринари, економисти, правници, техничари,…) кој континуирано работи на надоградување и подобрување на постојниот квалитет на нашите производи.

„Домашно јајце“ се произведува од најдобро негуваните кокошки-несилки, одгледувани во најдобри услови, хранети со најдобрата храна – произведена во сопствената Фабрика за добиточна храна. На овој начин придонесуваме кон креирање на одличен производ познат по КВАЛИТЕТОТ – нашиот заштитен знак.

Наша цел е да произведеме производ кој со радост би го донеле дома и би го ставиле на нашата трпеза! Квалитетот – секогаш на прво место!