Фарма за свињи
Нов тип на фарма изградена во 2014 година со заокружен процес од вепар до утовена свиња. Ова е прва фарма на Балканот во која спрасните свињи не се уклештени, туку се движат слободно во испусти, а нивното хранење се врши и следи компјутерски.
Одгледувањето на свињите се врши со употреба на современа механизација и автоматизиран процес на контрола, примена на современи хранилки, како и контрола на амбиенталните услови преку употреба на современи системи на вентилација и климатизација.
Причините за високите репродуктивни резултати вклучуваат: квалитетна и избалансирана храна од сопствено производство, добар амбиент за животните, и стручен и грижлив персонал. Како краен резултат добиваме високо квалитетно месо од брендот Домашно.